Граничните премини Богородица и Дојран на македонко грчката граница функционираат нормално. Покрај нашиот најфреквентен премин Богордица, кој работи без прекин, од синоќа од 22 часот официјално беше отворен и граничниот премин Дојран за секаков вид на сообраќај, потврдија денеска од граничните дежурни служби.

До 22 часот синоќа граничниот премин Дојран и покрај најавата од Грција дека ќе биде отворен, профункционира за влез и излез од Грција дури во наведеното време поради чекањето одлуката на грчките власти официјално да биде објавена во службен весник.

Утрово и двата гранични премини функционираат нормално и во најдобар ред. На ГП Богородица раздвиженоста е многу поголема, но според информацијата од дежурната гранична служба до раните попладневни часови чекањето за излез од земјава поради извршување на граничните формалности се движи од 10 до најмногу 20 минути.

На ГП Дојран чекањето е помало за излез од земјава. Денеска на преминот што во последно време го користат многу туристи од Србија, кои патуваат кон Грција, а ноќеваат во Дојран, се функционира нормално, па дури и пунктот за брзи ПСР тестови кој ќе работи 24 часа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2021 13:26