Во текот на вчерашниот ден (01.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи.

Од нив, 73 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возачи се исклучени од сообраќај, 26 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2021 15:52