На 02.07.2021 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола по добиена судска наредба извршиле претрес на дом во Битола, кој го користи В.Б. (38).
При претресот се пронајдени и одземени околу 70 грама кокаин и 70 грама марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети.
Против В.Б. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.07.2021 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и полициски службеници од ОВР Ресен по добиена судска наредба извршиле претрес на дом кај С.К. во с. Штрбово и при претресот е пронајдена марихуана.
Претресот е извршен откако претходно С.К. бил приведен во близина на туристичката населба Отешево затоа што кај него била пронајдена дрога.