Во текот на вчерашниот ден (02.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи.

Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 54, а потоа на територија на СВР Скопје - 51, на територија на СВР Куманово – 43...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2021 13:18