На 02.07.2021 на подрачјето на Скопје од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи - Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, беа лишени од слобода Б.С.(29) и М.М.(26), двајцата од Скопје.

При извршени претреси во домовите и други простории кај двете лица, биле пронајдени и одземени марихуана и синтетичка дрога амфетамин и парични средства.

Б.С. и М.М. се приведени во полициска станица и против нив до Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2021 13:28