Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе зинесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 33 степени.

Утре во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на температурата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2021 12:21