Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола.
Изречени се 19 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 36 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.