Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА – Центар за промоција на граѓански в редности ја започнува промотивната кампања „Биди јасна и гласна“ во рамки на проектот „Вклучи се – Побарај гласно“.

Кампања има цел да ги поддржи локалните женски граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во локалната заедница.

– НА ТОЈ НАЧИН, НИЕ ЖЕНИТЕ ЌЕ СЕ МОБИЛИЗИРАМЕ И ЌЕ ГО ЗАЈАКНЕМЕ СВОЈОТ ГЛАС ВО БОРБАТА ЗА ПРОМЕНА НА ЈАВНИОТ ДИСКУРС ЗА НАШАТА УЛОГА ВО ОПШТЕСТВОТО, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ПЕТКАМЕН СКОПЈЕ.

„БИДИ ЈАСНА“ во артикулирање на своето мислење, ставови, потреби, како и во нудење на потенцијални решенија во својата заедница. „БИДИ ГЛАСНА“ во поттикнување на жените здружено да настапат пред единиците на локалната самоуправа и активно да учествуваат во креирање родово базирани политики на локално ниво. „БИДИ ЈАСНА И ГЛАСНА“ во барање на одговорна власт, која е транспарентна во сите сегменти на работењето и која ги охрабрува и мотивира своите сограѓанки активно да се вклучат во процесите на одлучување. Ова се некои од пораките на кампањата.

НСРР и АГОРА заедно со своите пет партнерски локални женски организации од Куманово, Штип, Струмица и Радовиш ќе спроведат теренски акции за мобилизација на жените во најмалку седум општини, иницирајќи промени во креирањето на локалните политики и буџети кои треба да ги одразуваат потребите на жените. Целта на мобилизацијата, стои во соопштението, е создавање можности жените да ги идентификуваат проблемите и да ги одредат своите приоритетни потреби, а потоа преку различни акции за застапување пред општините, да бараат нивните потреби и решенија да се вклучат во програмите и буџетите на општината за 2022 година.

– НИЕ, ЖЕНИТЕ, СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ВЛОЖИМЕ ЗАЕДНИЧКИ НАПОРИ И ДА ИНИЦИРАМЕ ДЕБАТА ЗА ПРОМЕНА НА ДОСЕГАШНИОТ МОДЕЛ НА РАБОТА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, КАКО И ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ЕДУЦИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА НАШИТЕ ПРОБЛЕМИ И ПОТРЕБИ!, СЕ ПОДВЛЕКУВА ВО СООПШТЕНИЕТО ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ПЕТКАМЕН СКОПЈЕ И СЕ ДОДАВА ДЕКА ГОДИНАВА Е 30 ГОДИНИ ОД ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ ВО ЗЕМЈАВА.

Кампањата „Биди јасна и гласна“, се спроведува како дел од проектот „Вклучи се – побарај гласно“, во рамки на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2021 14:23