СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(33) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

На 02.04.2021 во 18.00 часот, додека оштетената била на спомен костурница во Велес заедно со нејзиното дете, пријавениот дошол и започнал агресивно да се однесува, по што ја следел до нејзиниот дом и се задржал пред нејзината куќа извесен временски период.

Со тоа не го почитувал судското решение донесено од Основен суд Велес со кое му е изречена мерка забрана да се приближува до домот на оштетената.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 03:44