СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Р.(30) од Тетово, одговорно лице во правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и С.Е.(50) од Никуштак, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот, во својство на одговорно лице, издал дозвола за движење за време на полициски час на второпријавениот, иако не бил вработен во правното лице, со што ја злоупотребил службената положба и овластување, а второпријавениот на 11.04.2021 околу 17.30 часот, за време на полициски час, бил сопрен од полициски службеници и притоа ја покажал дозволата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 03:44