Општина Битола ја дополни програмата за животната средина за 2021 година со која ќе го зајакнува приодот кон заштитата на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Со одлука на Советот на Општина Битола во функција се става Катастар на загадувачи за што се обезбедени 200.000 денари, како и Зелен катастар за што обезбедени се 300.000 денари.

Битолските советници одлучија со измени и дополнувања на програмата да издвојат 1,5 милиони денари за субвенционирање нa мерки за заштита на амбиенталниот воздух, а зголемен е и буџетот за субвенционирање на велосипеди, односно планираните 700.000 денари се зголемуваат на 1,7 милиони денари.

Општина Битола со средства од локалниот буџет ќе финансира поставување на велосипедски паркинзи со вело-опрема во тој град.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 15:36