По обележувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација во општина Гевгелија по прв пат се изведува акција за машинско обележување на спортските игралишта во сите училишта, како и на теренските игралишта во градот и населените места.

– Со акцијата ќе обележиме површина од 1.200 метри квадратни со сина и жолта боја, откако претходно со бела боја го завршивме уличното обележување на површина од 9.400 метри квадратни. Целата операција на бојадисување, за која од општинскиот буџет ќе бидат потрошени околу 1,1 милион денари ќе заврши со обележување на велосипедска патека на булеварот со црвена боја, велат од општината.

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков најави дека во текот на неделава ќе почне и замената на старите табли и кошеви на спортските игралишта во градот и населените маста во општина Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 16:36