СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот со пожарот во атар на село Пресница, општина Липково, соопштија денеска од кумановската полиција.
Секторот за внатрешни работи Куманово денеска апелираше до граѓаните да бидат внимателни при движење во полето или шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња.
-Да се воздржат од палење огнови, кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета. Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни, се наведува во соопштението на СВР Куманово.