На 05.07.2021 во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп, бидејќи во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.
Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема. Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.