Нивоата на реките во земјава во најголем дел се движат малку под просекот за месец јули или во рамки на просекот.

Исклучок се реките Вардар на мерно место кај Демир Капија каде нивото изнесува 102 сантиметри, а јулскиот просек е 93, како и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е за десеетина сантиметри повисоко од просечното за овој месец.

Повисок водостој е измерен на Дојранското Езеро, понизок кај Преспанското, а Охридското Езеро е во рамки на просекот за јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 12:35