Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево на 04.07.2021 ги лишија од слобода С.Д.(29), Ф.А.(36), Е.З.(49) и С.Д.(26), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“, со што се расчистени 16 кривични дела, а се работи на документирање на уште 17 кривични дела, за кои исто така ќе има соодветни поднесоци, односно вкупно 33 кривични дела

Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, меѓу кои електро мотори, кабли и метални делови, кои се во сопственост на Железници на Република Северна Македонија и Македонски телеком.

Со лицата е извршен службен разговор, при што тие го појасниле начинот на извршување на делата, посочувајќи ги деталите и точните локации (ул.„Бојмија“, ул.„Владимир Комаров“, бул. „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“), на кои во период од 12.05. до 01.07.2021 ги направиле делата, оштетувајќи ја инсталацијата на Македонски телеком, преку оштетување н а шахтите и сечење и крадење на бакарни кабли, притоа предизвикувајќи прекин на интернет, ТВ и телекомуникации.

Од страна на Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево против лицата ќе следуваат соодветни кривични пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 13:08