Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Во петок и понатаму ќе биде многу топло, облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Нестабилно време на повеќе места ќе има и во деновите од викендот, кога во попладневните часови наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата овие два дена ќе биде пониска за неколку степени, посочуваат од УХМР.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 13:23