Во Делчево објавен конкурсот за општинската награда „7 Септември“ за 2021 година. Општинската наградата, како што информираа од Општината, се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Македонија во знак на општествено признание за особени постигнувања.

– Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот, истакнаа од Општината.

Конкурсот, како што додадоа, е распишан по денешната одржана седница на комисијата за доделување награди и признанија, а врз основа на член 11 од правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево.

– Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ, додека наградата за правно лице се состои од плакета. Право да предлагаат кандидати за наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија, додадоа од Општината.

Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од 7 јули 2021 година и трае заклучно до ден 6 август 2021 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака „Предлог кандидат за доделување општинска награда”.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 13:47