На локалните жители од селото Раброво, општина Валандово ќе им го реши деценискиот проблем, а тоа е конечно да бидат поврзани со фекална канализациска мрежа и колекторски систем за отпадни води, што моментно е нивен егзистенцијален приоритет.

За реализација на горливиот проблем на жителите од селото Раброво, преку Владата се обезбедени околу 34 милиони денари по што, според градоначалникот Перо Костадинов, следува решавање на капиталниот проект кој после децениски заборав е поставен на општинската приоритетна листа.

– Со канализациската мрежа и колекторскиот систем ќе бидат опфатени сите семејства и сите локации кои се предвидени со урбанистичкото проширување на селото Раброво, рече Костадинов кој нагласи дека општина Валандово продолжува да ги слуша граѓаните и да ги реализира нивните интереси.

Костадинов посочи дека со овој чин е исправена неправдата кон жителите на Раброво, оти нивниот глас е слушнат и дека повеќе нема да бидат заборавени.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 14:11