Секторот за внатрешни работи Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти осум тешки кражби, едно загрозување на сигурноста и едно опожарување на патничко моторно возило и до Основното јавно обвинителство Гостивар денеска (8 јули) поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од гостиварско Врапчиште, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 и „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.
Н.А. се сомничи дека минатиот и на почетокот на овој месец, со употреба на сила, извршил 8 тешки кражби во продавници и помошни објекти од куќи во поширокиот Врапчишки регион и притоа најчесто одземал пари и разновидни производи, кои потоа ги препродавал. Тој се сомничи, исто така, дека на едно лице од овој регион го опожарил возилото.