Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2021 02:48