Вчера (08.07.2021) во 13.00 часот во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани е лишен од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Имено, на 07.07.2021 во ОВР Кочани беше пријавено дека околу 12.00 часот непознат сторител од куќа на ул.„Евлија Челеблија“ во Кочани одзел пари, накит и други предмети.

Набрзо од страна на полициски службеници утврден е идентитетот на сторителот Р.А., кој е приведен, а дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По комплетно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2021 13:20