Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, за возење под дејство на алкохол 63, 18 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 23 за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, 12 за возач почетник, 29 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 12:05