Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар поради узурпација на земјиште покрај Дебарско Езеро.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.К.(67) од Дебар. На катарстарска парцела во површина од околу 300 метри квадратни покрај Дебарското Езеро, тој неовластено поставил плетена жичана ограда, на штета на АД „ЕСМ“-Скопје, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека на овој начн А.К. противправно се стекнал со имотна корист од 594.000 денари.

Ова не е прв случај на узурпација на земјиште покрај брегот на езерото, кое главно е во државна сопственост, на што во неколку наврати предупредуваа и дел од членовите на Советот на општина Дебар.

Како што изјавија, и покај тоа што сите изградени објекти биле дивоградби, дел од нив се веќе легализирани, за што побараа одржување посебна седница за овој проблем.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 16:16