На 11.07.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10.07.2021 за одземен електричен тротинет.

Кај нив, во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот. Тротинетот е вратен на А.И., а двете лица се приведени во полициска станица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2021 04:21