Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен гостиварец за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, обвинителството му предложило на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна во висина од 100 дневни глоби, за лицето кое на 25 март било затекнато при непочитување на полицискиот час.
– За време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот без дозвола се движел надвор од неговиот дом, стои во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.