Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 40 прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Изречени се седум санкции за користење мобилен телефон, девет за возење под дејство на алкохол, пет за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), 45 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.