На 12.07.2021 во 14.30 часот во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода - Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од с.Љуботен, скопско, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки.
За него биле распишани централна и меѓународна потерница за доиздржување на казна затвор од 2 години 11 месеци и два дена. Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од 5 години и 8 месеци, во врска со чл.418 од Кривичниот законик.
Притоа, при запирањето, Р.С. удрил со возилото двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди.
Р.С. бил совладан и предаден во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, по што ќе биде предаден во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.