СВР Тетово поднесе кривична против М.М.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права“.
Пријавениот, во периодот од 2020 до 2021, во свое име и во име на друг, преку фирма со седиште во Тетово, која не била регистрирана во соодветните институции на државата, неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал и емитувал, односно нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис, спротивно на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗАВМУ), без истиот да биде лиценциран оператор, согласно член 56 од ЗАВМУ и да биде дел од регистарот на даватели на такви услуги согласно член 57 од истиот закон.