Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 16 за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, седум за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал(црвено светло), 68 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2021 12:09