Во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата, во Детското одморалиште „Радости" во Охрид по седми пат се одржа традиционалниот книжевен камп „Да бидам, да бидам…".

На книжевниот камп учествуваа ученици и ментори-наставници од општинските основи училишта „Браќа Миладиновци" од Жван, „Јосип Броз Тито" од Жировница, „Ѓорче Петров" од Ропотово и „Тошо Велков-Пепето" од Кавадарци.

Едноденделниот кампот започна со неформално обраќање на неговиот домаќин, македонскиот писател на дела за деца и младинци Горјан Петревски. Во рамки на кампот беа одржани и неколку книжевни работилници, на кои меѓу другите учествуваа и универзитетскиот професор Јованка Денкова, професорот и автор на книгата „Записите на учителот" Влатко Стојковски, етнологот Крсте Велевски и младите поетеси Сара Марковска и Матеа Стоев.

Освен работилници, за учесниците во кампот беа организирани и факултативни посети на Струга, Вевчани и Охрид.

Кампот има за цел да ги поттикне творечките пишувачки способности на учениците, нивните ораторските вештини, како и да развие емпатија и социјализација преку пишаниот збор и неформалното дружење при активностите, но и во слободното време.

Учениците имаа можност да се запознаат со врсниците од другите училишта и меѓусебно да ги надградат своите таленти.

Домаќинот на кампот, писателот Горјан Петревски, изразувајќи задоволство од целокупната реализирана програма, оцени дека токму вакви кампови се повеќе од потребни за негување и афирмација на мајчиниот македонски јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2021 12:20