Во текот на вчерашниот ден (13.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 147 возачи.
Од нив, 96 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 29 возеле без возачка дозвола, пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.