Денеска (14.07.) во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 64 возачи, од кои 53 на територија на Тетово, а 11 на територија на Гостивар. 26 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 02:21