СВР Битола поднело кривична пријава против С.М.(37) од Прилеп и правно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

Како што наведува МВР во редовниот дневен Билтен, пријавениот, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2016 година поднел апликација за активна мерка по програмата и пријава за користење на грант.

-По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил договор со АВРМ и УНДП – по што искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, тој воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во текот на 2019 година е ликвидирана, а искористените средства не се вратени согласно договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на РСМ во износ до 246.000 денари, наведоа од Министерството за внатрешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 04:25