ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Тој, во текот на март 2021 година, на локација во државна сопственост на ул.„Туристичка“ во Струга, без соодветна дозвола изградил бетонска ограда во должина од 52 метри.

Од страна на Градежна инспекција при oпштина Струга извршен е инспекциски надзор и донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани бесправно изградената градба.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 04:25