СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 21 јуни 2021 на оштетениот Ф.Ф. од Тетово му се јавил негов колега од Кичево и го известил дека пријавениот од два телефонски броја на апликацијата вибер поставил негова лична фотографија и во негово име бара пари како наводна донација поради несреќен случај, поради што истиот му дал 18.000 денари.

По преземени мерки од полициски службеници во СВР Тетово бил извршен службен разговор со пријавениот, кој го признал делото.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 04:25