Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, 31 прекршок што ги чинат возачите на мотоцикли.
Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, 16 за возење под дејство на алкохол, девет за возач почетник, пет за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал(црвено светло), 64 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.