Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Илинден изречени се вкупно 50 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за користење на мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 12:54