По вчерашната номинација на докторот Кирил Пецаков за кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од опозицијата објавија уште еден кандидат кој исто така по професија е доктор.

Станува збор за Борче Јовчески кој е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија.

Тој ќе ја води битката за прв човек на Прилеп, најверојатно против довчерашниот директор на Царина а претходно и пратеник од редовите на власта, Горан Сугаревски.

Кандидатурата на д-р Јовчевски на социјалните мрежи ја соопшти пратеникот Антонио Милошоски.

Д-р Борче Јовчески за Прилеп, многу добро расположение и спремност за работа за доброто на општината и сите прилепчани – објави Милошоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 02:46