Ваташанка вчера пријавила физички напад од 63-годишно лице во нејзиниот двор, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Седумдесет и едногодишна жена од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека била физички нападната од А.Т.(63) во дворот од нејзината куќа, појасни Додевски.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 13:52