Во засилена контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Крива Паланка во текот на вчерашниот ден, за брзо возење биле санкционирани 36 возачи.
-И покрај препораките за внимателно возење, 36 возачи возеле пребрзо на територија на Крива Паланка. Во текот на вчерашниот ден, 15 јули 2021, во периодот од четиринаесет до дваесет часот, на подрачјето на Крива Паланка спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 36 возачи. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.