Нишката полиција ќе поднесе кривична пријава против државјанин на Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој се товари дека додека бил на совозачкото место за време на движење на возилото, го отворил прозорецот од автомобил со швајцарски регистарски ознаки и се однесувал несоодветно кон друго лице во сообраќајот, така што со свиткани раце во форма на двоглав орел алудирал на националистички симболи.

Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Ниш.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 02:23