На 16.07.2021 во 14.00 часот полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода - Отсек потраги на пат за с.Орман, скопско, го лишија од слобода К.П.(29) од Скопје.

По него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба од Основен суд - Скопје 1 за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од Кривичниот законик.

К.П. е предаден во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 13:56