Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возачи - почетници, 11 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 18 санкции за возење под дејство на алкохол, три санкции за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за управување на нерегистрирани возила, 44 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 14:02