Утрово околу 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Гостивар, на различни локации во Гостивар се лишени од слобода 7 лица, од кои 6 од Гостивар и 1 од Горна Бањица.

Имено, при преглед извршен кај Н.Д.(30) од Гостивар била пронајдена кеса кокаин, а Љ.В.(35), С.С.(36), Д.Ј.(36), Ж.Ц.(41), А.Б.(3), сите од Гостивар и Ф.И.(27) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение за нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Сите се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 15:10