Утрово (17.07.) во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 51 возачи, од кои 42 на територија на Тетово, а девет на територија на Гостивар.

38 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 15:15