Утрово (17.07.) од 08 до 12 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 100 возачи.
20 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца за дури над 70 километри на час над дозволената.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.