Во раните утрински часови во 3 часот во селото Ново Село избувнал пожар во пиланата каде има погон за производство на столици. Пожарникарите од Струмица по неколку часовни активности успеале да го локализираат пожарот.

Од ТППЕ Струмица излегле на терен со 4 противпожарни возила и 10 пожарникари.

- Денес (недела) 18.07.2021 година во 03.00 часот во с.Ново Село, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители интервенираше на гаснење на запалена пилана со погон за производство на столови. Пожарот е целосно локализиран и ликвидиран околу 06.00 часот. Причинета е голема материјална штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2021 15:58