На 16.07.2021 околу 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во Итна медицинска помош Кочани биле донесени Ж.И.(43), Б.Ѓ.(25) и двајца малолетници, сите од Струмица.
Според пријавеното, додека се превезувале во патничко возило „пунто“, со струмички регистарски ознаки, на магистралниот пат А-3 помеѓу с.Облешево и с.Чифлик, возилото било зафатено од пожар кој претходно настанал во близина на патот. Од страна на лекар кај едниот малолетник се констатирани повреди. Пожарот е изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.