На 18.07.2021 во 03.20 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е приведен М.С.(41) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во близина на угостителски објект во Тетово физички ја нападнал поранешната сопруга М.С.(36) од Тетово.

По документирање на случајот, се наведува во соопштението од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2021 02:25